Versace Crystal Noir
100% автентичен парфем, траење на мирис до 48 часа.

- Estimated Delivery : Up to 4 business days
- Free Shipping & Returns : On all orders over $200
Crystal Noir е ретка есенција, сензибилна и деликатна како мистериозната гарденија. Во горните ноти има ѓумбир и бибер кои го разигруваат сетилото за мирис, кое потоа го освежуваат и разнежнуваат гарденијата, божурот цветот од портокал. Композицијата е заокружена со основните ноти кои содржат мошус, сандаловото дрво и килибар.
За брендот:
Основана во 1978 година, Versace е италијанскa модна куќа основана од Gianni Versace, која продолжува со својата работа до денешен ден под раководство на разни членови на неговото потесно семејство по неговата прерана смрт во 1997 година. Дебитирајќи со линија на облека за жени, куќата постигнува инстантен успех кој бил проследен со линија на облека за мажи , а потоа и со отворање на првиот бутик во Милано следната година. Творејќи под влијание на современиот уличен живот, филмовите, уметноста, како и класичната грчка и римска историја и дизајн, Versace станува омилен меѓу славните личности, а брендот често ги користел богатите и славни џет-сетери во своите рекламни кампањи. Неговите раскошни ревии биле вистински настани и всушност на Versace често му се препишува заслугата за создавањето на “супермодел” феноменот на деведесеттите години. Versace Couture, главната линија на куќата, произведува и дистрибуира мода и производи, како што се накит, аксесоари, парфеми, козметика и мебел. Versace парфемите датираат уште од самиот Gianni кога во 1981 го создал неговиот мирис за жени и го нарече по себе – Gianni Versace.
| Милилитри: | 90мл |
|---|







TIZIANA TERENZI Kirke

Reviews
There are no reviews yet.