Versace Bright Crystal
100% автентичен парфем, траење на мирис до 48 часа.

- Estimated Delivery : Up to 4 business days
- Free Shipping & Returns : On all orders over $200
Сензуален и женствен мирис, симболизирајќи ја Versace жената која е самоуверена и сигурна во својот шарм. Мирис кој открива сочни, но сепак нежни ноти кои ги милуваат сетилата.
– Горни ноти: Yuzu (азиско цитрусно овошје), ледени ноти, калинка
– Срцевина: Божур, магнолија, лотус цвет
– Основа: Махагони, растителен килибар, мошус
– Мирисна фамилија: Цветна, овошна, мошусна
За брендот:
Основана во 1978 година, Versace е италијанскa модна куќа основана од Gianni Versace, која продолжува со својата работа до денешен ден под раководство на разни членови на неговото потесно семејство по неговата прерана смрт во 1997 година. Дебитирајќи со линија на облека за жени, куќата постигнува инстантен успех кој бил проследен со линија на облека за мажи , а потоа и со отворање на првиот бутик во Милано следната година. Творејќи под влијание на современиот уличен живот, филмовите, уметноста, како и класичната грчка и римска историја и дизајн, Versace станува омилен меѓу славните личности, а брендот често ги користел богатите и славни џет-сетери во своите рекламни кампањи. Неговите раскошни ревии биле вистински настани и всушност на Versace често му се препишува заслугата за создавањето на “супермодел” феноменот на деведесеттите години. Versace Couture, главната линија на куќата, произведува и дистрибуира мода и производи, како што се накит, аксесоари, парфеми, козметика и мебел. Versace парфемите датираат уште од самиот Gianni кога во 1981 го создал неговиот мирис за жени и го нарече по себе – Gianni Versace.
| Милилитри | 90мл |
|---|








Reviews
There are no reviews yet.